Реклама
MAMAРецепти

Брз рецепт за подготовка на вкусна италијанска пица

Реклама

Мора да признаеме дека на многумина од нас пицата им е омилено јадење…

Потребни состојки за тесто:

  • 2 и пол чаши брашно
  • 1 чаша топла вода
  • 2 лажички маслиново масло
  • 2 лажички сув квасец
  • 1 мала лажичка сол

Потребни состојки за одозгора:

  • 250 грама сечкани домати
  • 150 грама моцарела сирење
  • 2 чешниња лук
  • Малку босилек
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1 мала лажичка оригано
  • Сол и бибер

Начин на подготовка: Ставете го брашното во еден сад па додајте масло, сол и квасец. Полека додавајте вода, така што ќе замесите меко и еластично тесто. Покријте го и оставете го да постои 20-тина минути. Додека стасува тестото, исечкајте го лукот и запржете го во масло. Додајте ги доматите, малку сол, бибер, оригано и мешајте околу 15 минути. Поделете го тестото на два дела, па секој лесно развијте го на подлога која претходно сте ја намачкале со брашно. Доматниот сос ставете го преку двете пици и на крај додајте моцарела и босилек, Печете околу 10 минути на 220 степени, додека сирењето не се стопи целосно.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button