Реклама
MAMAРецепти

Брз и евтин ручек кој ќе ги воодушеви љубителите на компири (Рецепт)

Реклама

Барате рецепт за едноставен, брз и сладок ручек? Испробајте ја оваа таканаречена тортиља од компири, традиционално шпанско јадење направено од намирници кои повеќето од нас ги имаат во својата кујна.

ФОТО: Getty images

Потребни состојки:

  • 4 компири со средна големина
  • 1 поголема глава кромид
  • 4 јајца
  • 6 големи лажици маслиново масло
  • Сол и бибер по желба

Начин на подготовка: Излупете го компирот, потоа измијте го и исечете го на мали коцкички, а истото направете го и со кромидот. Во еден сад загрејте 3 лажици маслиново масло, ставете го кромидот и малку запржете, додека не зарумени. Потоа додајте го компирот, па попжете го и него. Ставете сол и врела вода. Кога ќе се запече, тргнете го од оган. Јајцата размешајте ги во голем сад, додајте малку сол и изматете ги. Потоа додајте ги во садот со запечените компири и кромид, па малку промешајте. Во садот во кој го печевте компирот ставете 3 лажици масло и загрејте, па ставете ја претходно подготвената мешавина. Оставете ги во садот на тивок оган, без мешање, за да се запече дното. Кога ќе видите дека дното е запечено, покријте ја тавата со чинија, па свртете ја и извадете ја тортиљата. Нејзината долна страна сега ќе биде горна, па вратете ја во садот за да ја испечете и горната. Кога ќе го направите ова, тортиљата е веќе готова.

Забелешка: По ваш вкус овде може да додадете и салама, колбаси, сланина или друг вкус по ваша желба.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button