За нив важи дека се најсексипилниот знак во Зодијакот и многу често овие личности знаат да се фалат со тој факт. Со овој знак владеат Марс и Плутон – зошто да се задоволат со една планета, кога може да имаат две??? Но, колку и да се сјајни, љубовта со Скорпиите не е секогаш лесна. Погледнете ги овие неколку факти за нив, па наредниот пат кога ќе стапите во контакт со нив, потсетете се на сето ова!
1. Тие секогаш се доминантни
Дури и кога изгледа дека ја препуштиле диригентската палка на друг, вистината е поинаква. Тие само го чекаат вистинското време за да ги постават работите на свое место.
2. Тие секогаш победуваат
Упорни се и повремено знаат да манипулираат. Секогаш ќе ги сакате во својот тим, затоа што тие најчесто ќе ве доведат до победа!
3. Приватноста им е особено важна
Ако партнерот не сака да го објави вашиот статус на Фејсбук, тоа не е затоа што ве изневерува, туку едноставно не сака другите да му се мешаат во неговите работи.
4. Но… сакаат да се мешат во туѓите работи
Тие се родени истраувачи. Многу се љубопитни и секогаш сакаат да навлезат дури и во најситниот детаљ.
5. Буртално се искрени
Нив не ги интересира што мислат другите. Не прашувајте ги како ви стои фустанот или дали сте се здебелиле, ако не сте подготвени да ја слушнете вистината.
6. Дискретни се
Доколку ви е потребно да сокриете нешто, сосема добро би било да изберете пријател роден во овој хороскопски знак. Не само што секогаш се подготвени да ви помогнат, туку никогаш нема да ве осудуваат и нема да прозборат за она што го виделе или слушнале.