Реклама
LIFESTYLEХороскоп

БРУТАЛЕН ХОРОСКОП: Бикот е досаден, а Овенот е болно посесивен!

Реклама

Ова е еден од најискрените хороскопи кои некогаш сте ги прочитале – без премолчување, без милост. Ако не можете да ја поднесете вистината за себе, не продолжувајте со читање!

ФОТО: walpapermug.com

Овен

Само продолжете да верувате дека живеете во безгрижен свет… Мислите дека секогаш сте во право, а всушност сте болно посесивни и лицемерни!

Бик

Вие сте досадни до границите на неподносливост, но и понатаму! Кога имате некоја цел, вашата упорност ги „убива“ луѓето во вашата околина.

Маркетинг

Близнаци

Вие лесно издавате тајни и озборувате. Вашиот живот не би имал смисла без интриги и спплетки. Површни сте и само барате некој да се грижи околу вас, зашто не сте способни да живеете самостојно.

Рак

Ах, одмаздољубиви суштества! Живеете по принципот „кој чека ќе дочека“, а еднаш кога ќе дочекате прилика за одмазда, се претворате во вистински чудовишта.

Маркетинг

Лав

Арогантни, нарцисоидни и полни со себе – да, тоа сте вие! Желни сте за внимание, а и полни сте со комплекси!

Девица

Целосно сте опседнати со чистота и уредност, но не во позитивна смисла. Ги излудувате сите околу себе и луѓето не сакаат да ви доаѓаат во посета. Кај вас и љубовта е со резерва – ладни сте и бесчувствителни.

Вага

Вие сте мрзливи до таа мера што ви е тешко да отидете и до тоалет. Лажете и избегнувате обврски, а исто така сте и многу неодлучни.

Скорпија

Вие живеете за одмазда. Ужасно сте деструктивни. Кога нешто не ви оди според замисленото, спремни сте да уништите се’, а кога тонете – ги влечете сите околу себе со вас.

Стрелец

Лицемерни! Преполни сте со пороци, но сеедно глумите и ги лажете сите околу себе. Емоционално сте многу нестабилни и никогаш не знаете што сакате.

Јарец

Сакате да наредувате. Целосно сте бесчувствителни и себични. Дури и вашите најблиски понекогаш се прашуваат дали имате некои чувства. За успех во кариерата – би ја продале и сопствената мајка.

Водолија

Себични сте до крајни граници. Мислите сами на себе и никогаш не се откажувате од вметувањето во туѓите живот. За сите ваши несреќни ги обвинувате другите, затоа што вие, секако, сте совршени.

Риби

Секогаш имате за што да се жалите и со тоа им сте одвратни на другите. Не сте способни за самостоен живот, зашто кога се среќавате со некоја потешкотија, едноставно бегате. Вие сте најобична кукавица.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button