BEAUTYНега и здравје

Брокула – кралица на здравјето

Advertisement

Замислете намирница која ви дава сѐ што ви е неопходно за здравјето, ве подмладува и ви прави детоксикација на организмот, со којашто можете да спречите алергија, настинка, артритис, рак… Намирница која ви ја дава потребната виталност, а притоа помага при слабеење. Да, таква храна навистина постои и нејзиното име е БРОКУЛА.

Advertisement

Брокулата потекнува од медитеранскиот дел на Европа, а поради нејзиниот единствен вкус и неверојатна хранлива вредност, денес е најпопуларниот зелен зеленчук на Западот. Правилната подготовка на брокулата е клуч за постигнување најдобар вкус и прехранбени користи.

Еве за што сѐ може да биде корисна брокулата.

Штити од рак

Во брокулата се пронајдени дури три активни состојки кои штитат од рак. Тие го блокираат развојот на келиите на ракот и спречуваат рак на цревата, желудникот, дојките, матката и простатата.

Advertisement

Го регулира крвниот притисок

Благодарејќи на високото ниво на калиум и магнезиум, брокулата помага за одржување на крвниот притисок.

Добра е за бремените жени

Брокулата содржи големи количини фолна киселина, која е важна за пренаталниот развој на бебето. Освен тоа, фолната киселина е важна за обновување на ќелиите и игра важна улога во превенција на ракот.

Го регулира варењето

Брокулата содржи големи количини фолна киселина, која е важна за пренаталниот развој на бебето. Освен тоа, фолната киселина е важна за обновување на ќелиите и игра важна улога во превенција на ракот.

Добра е за очите

Брокулата содржи високо ниво на витамин Ц и бета каротен кои спречуваат болести на очите.

Помага при слабеење

Брокулата е идеална намирница за слабеење. Содржи многу малку калории, а полна е со корисни својства. Поради големиот процент на хранливи влакна и вода, таа брзо предизвикува чувство на ситост. Богата е со протеини, кои се важни за мускулите и согорување масни наслаги.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button