Реклама
Култура[тор]

Британскиот избор за Евровизија…

Реклама

76 годишниот поп ветеран Engelbert Humperdinck е избран е избран за претставник на Обединетото Кралство за овогодинешниот натпревар за избор на песна на Евровизија.

Воедно, Engelbert со своите 76 години ќе биде и најстариот натпреварувач на оваа реномирана и со богата традиција, манифестација во музичкиот свет на стариот континент.

Маркетинг

Тој беше последен на Топ Десет листата во касните 60-ти години од изминатиот век, со баладите како “Release Me” и “The Last Waltz”.

Оваа година тој ќе ја изведе песната која што е авторско дело на добитниците на наградата Grammy, Martin Terefe и Ivor Novello, кои што меѓу другото го имаат напишано и големиот хит на James Blunt – “You’re Beautiful”.

Маркетинг

Перцепцијата и впечатокот на британските фанови – кои многумина се премногу млади за да се сеќаваат на ’ѕвездата која згаснува‘ – но сепак се надеваат дека неговиот настап ќе биде подобар од оној ланскиот на Blue кои завршија на единаесеттото место.

Engelbert, чие вистинското име Arnold George Dorsey, по изборот изјави: „Ова ми претставува голема чест. Со нетрпение чекам да отидам на натпреварот и сакам целата нација да биде зад мене“.

alt

По повод изборот на Engelbert Humperdinck за претставник на Обединетото Кралство, главниот и одговорен за изборот во BBC, Katie Taylor, по повод ова изјави: „Имаме вистинска интернационална музичка легенда која што ќе ја претставува Британија. Сите сме воодушевени. Сигурни сме дека искуството на Engelbert  ќе придонесе за негов извонреден перформанс“.

Инаку Engelbert Humperdinck, кој што е наречен Крал на Романсата, беше и важеше за глобална ѕвезда, со обожаватели низ целиот свет. Моментално тој се уште одржува турнеја, на која го претставува неговиот нов албум од оваа година.

Меѓу другото, Engelbert ја има испеано песната Lesbian Seagull во 1996 г. за филмската верзија на “Beavis and Butthead”. А како ќе помине на овогодинешниот настап на Евровизија, останува да видиме.

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button