NEWSВестиВирално

Британски милионер бара млада сопруга преку Тиндер, некојa што ќе го наследи неговиот имот

Advertisement

Британскиот милионер Сер Бенџамин Слејд го привлече вниманието на интернетот откако се приклучи наТиндер во обид да ја пронајде љубовта, но и некој што ќе ја наследи неговата имотна оставнина, која вклучува куќа со 50 соби во едно село.

Advertisement

На ТикТок се прошири старо видео од серијата „Millionaire Age Gap Love“ на „Channel 5“, кое неодамна стана вирално, собирајќи речиси два милиони прегледи за помалку од 24 часа. Во видеото, тогаш 73-годишниот милионер со помош на својата млада асистентка Џес навлегува во светот на онлајн запознавање.

Одлучен да пронајде помлада жена со која би се смирил, Сер Бенџамин ги сподели своите желби за идната сопруга, оставајќи ги корисниците на социјалните мрежи и заинтересирани и забавувани. Тој порано бил во брак, но објасни дека нема деца и верува дека не е престар за тоа – па затоа ја замрзнал својата сперма.

„Сите денес користат апликации за запознавање, а јас не знам ништо за тоа, освен што читам весници и таму пишува дека само неволји носат“, се пошегува тој. Асистентката Џес му помогна да постави профил и му покажа потенцијални совпаѓања, па дури и го фотографираше во „кул“ поза.

Advertisement

Откако снимката беше објавена, коментарите се редеа со неверојатна брзина:

„Каков му е надимакот на Тиндер? Сакам да го видам!“, „Имам обврска во јуни, потоа сум слободна“, „Каде да се пријавам?“, „Дами, заслужувате подобро – оставете го за мене, јас ќе го освојам“, „Кој точно е неговиот тип на жена?“, „Сер Бенџамин мора да дојде на ТикТок, нека го заборави Тиндер“, „Не ви треба жена, јас ќе ви бидам син кој никогаш не сте го имале“, „Не барајте повеќе, јас сум таа“…

Дури и од Тиндер го коментираа видеото: „Неговите ‘совпаѓања’ сега експлодираа“.

За жал по некои, според британските медиуми, Сер Бенџамин станал татко на 75 години, но не е јасно дали партнерката ја запознал токму преку Тиндер, пренесува Индекс.

Истражувањата , пак , покажуваат дека токму Тиндер е најопасната социјална мрежа, односно списокот на неговите позитивни страни е помал отколку негативните.

Според истражувањето на Consumers Research, Тиндер е на врвот на листата на апликации на кои корисниците доживеале непријатно искуство.

Дури 39 проценти од корисниците во анкета се изјасниле дека имале непријатно искуство додека ја користеле оваа апликација. Најголемиот број навеле дека имале потешкотии да ,,се ослободат” од корисници кои им се чинеле сомнителни, неискрени , нападни или деструктивни.

Според анкетата , цел на напади во најголем број биле жени и тоа дури 57 проценти имале непријатно искуство. Околу 20 проценти од мажите се пожалиле дека доживеале непријатност на Тиндер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button