Брена пред 30 години сите ги шокираше во овој костим за капење, а сега го направи истото
На Лепа Брена годините не и можат ништо
Познатата пејачка неодамна објави фотографија на социјалните мрежи на која позира во атрактивен бел костим за капење кој го носеше со мрежести чорапи и чизми преку колена, а во центарот на вниманието повторно е нејзиното тело на кое многу колешки би можеле да и завидуваат.
Таа и во шестата деценија гордо го покажува своето тело но и дека се уште може да носи провокативни комбинации како и во нејзините најдобри години кога често „фураше“ костуми кои повеќе откриваа отколку сокриваа.
https://www.instagram.com/p/Bh-rbUDgXWK/?utm_source=ig_embed
Брена беше една од првите дами на просторите на поранешна Југославија која не се двоумеше да се соблече во костим за капење, а во една пригода дури долниот дел го носеше и со јакна со што предизвика бројни коментари.
Таа во ова издание се појави во еден спот од пред три децении, односно во далечната 1988 година кога палеше и гасеше на музичка сцена како со својот глас, така и со „долгите нозе за играње“ кои беа нејзин заштитен знак.