Брена скршена од болка пееше со солзи на очите – ова ги растажи присутните, ништо не е исто без него
Пејачката никогаш не била потажна

Познатата фолк-пејачка Лепа Брена на 8 март, на Денот на жената, одржа незаборавен концерт во Љубљана.
Таа само неколку дена по смртта на нејзиниот најблизок пријател и колега, Саша Поповиќ, мораше да застане пред својата публика и да го одржи својот концерт, што секако воопшто не беше лесно за неа.
Брена и Поповиќ беа големи пријатели, па пејачката кога излезе на сцената и го започна концертот, по првата песна кратко изјави.
„А сега, песна за Саша Поповиќ“, и почна да ја пее познатата емотивна песна „Болиш и не пролазиш“ кој му ја посвети на својот кум.
Принтскрин/ ТикТок
Потсетуваме, Саша Поповиќ во своето вечно почивалиште беше испратен на 6. Март со песната „Свирци мои“ од Звонко Богдан.
Принтскрин/ ТикТок
Оние што го познаваат знаат дека Поповиќ најмногу сакал да слуша тамбураши и оваа песна му била омилена и му ја „милува душата“, како што често велел тој.
Принтскрин/ ТикТок
Оваа песна од Богдан исто така често знаел да ја порача и во кафеана кога ќе бил во посебно добро расположение.
@extrafm 😭❤️ #lepabrena #arenastozice #ljubljana