Celebrity

Брена шокира со искрена исповед за Саша Поповиќ и Гранд – „немам намера да се занимавам…“

„Имам поминато преку многу болки, а сега се грижам само за себе и за мојата семејна среќа“.

Advertisement

Лепа Брена, заедно со своето семејство, неодамна беше домаќин на ексклузивен настан кој ја собра целата естрадна сцена. Како и секогаш, Брена блескаше, овојпат во елегантен, совршено скроен костум во нежна сина боја, а насмевката не ја симна од лицето целата вечер.

Покрај свечената атмосфера, пејачката пред камерите проговори искрено и отворено за некои од најтешките моменти од својот живот, но и за гордоста што ја чувствува кон својот син Виктор.

Advertisement

„Виктор е главен и одговорен продуцент, буквално за сè поврзано со мојата кариера. Се договоривме дека повеќе не сме во релација мајка-син кога е работата во прашање. Она што го гледавте последните две години, како и тоа што ќе го гледате понатаму, е под негова палка и негова одговорност. Конечно работам со некој на кого можам целосно да му верувам. Тоа денес ретко се наоѓа,“ откри Брена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Во продолжение таа се наврати и на најтешкиот професионален удар, загубата на нејзиниот долгогодишен соработник и менаџер, покојниот Радослав Рака Ѓокиќ.

„Деведесеттите години беа страшни за мене. Го загубив Рака Ѓокиќ, кој беше најпосветен на мојата кариера. Тоа беше огромна траума,“ изјави пејачката, видливо потресена дури по толку голема временска дистанца.

Брена се осврна и на загубата на членовите на легендарниот состав „Слатки грех“, со кој ја градеше својата долгогодишна музичка кариера.

„По смртта на Рака морав да ја преземам улогата и на продуцент и на пејач. Членовите на Слатки грех заминуваат еден по еден… Последен отиде Френки, и тоа беше огромен удар за мене, исто како и кога ги изгубив Сашa и Лепи Бора. Тоа се луѓе со кои сум пораснала и изградиле цела ера,“ рече таа.

принтскрин инстаграм

По неколку месеци од смртта на Сашa Поповиќ, нејзин долгогодишен пријател и соработник, Брена искрено призна дека нејзиниот поглед кон животот се променил.

„Од кога се продаде ‘Гранд’, помалку се занимавам со естрадата, а повеќе со сопствениот живот. Искрено, мозокот ми се одмори од тој тип информации. Има многу прекрасни и скромни луѓе, но и многу такви што се поинакви. На овие години немам намера да се занимавам со кого било, освен со себе и со моето семејство,“ нагласи Брена.

Нејзината изјава дојде по шпекулациите дека тоа е одговор на зборовите на нејзината поранешна пријателка Сузана Јовановиќ, која изјави дека Брена не ја посетила по смртта на Сашa Поповиќ. Пејачката одлучи да не навлегува во детали, но јасно стави до знаење дека фокусот го насочила кон внатрешниот мир и семејната хармонија.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button