Новости

Брена ја прегрна сопругата на Поповиќ и заплака пред камерите – и ќерката со солзи на очите (видео)

Тажни сцени од испраќањето на Саша Поповиќ

Advertisement

Како што пренесуваа српските медиуми, еден од најемотивните моменти беше кога Лепа Брена се сретна со сопругата на Поповиќ.

Балканскиот естраден маг Саша Поповиќ денес беше испратен во своето вечно почивалиште, а еден од најемотивните моменти на комеморацијата беше кога кумата Лепа Брена се доближи до сопругата на Поповиќ да ѝ изрази сочувство при што и двете заплакаа.

Advertisement

Колку Саша Поповиќ беше сакан и почитуван од колегите сведочи и големиот број луѓе што дојдоа да го испратат на гробиштата.

Принтскрин/ Гранд.онлајн

Тој беше погребан на гробиштата во Белград со звуци од песна на Звонко Богдан што ја свиреа тамбураши, стиховите ги расплакаа сите.

Advertisement

Претходно на комеморацијата имаше преку 4000 луѓе, а емотивниот говор на Воја Недељковиќ предизвика лавина од емоции и солзи.

Недељковиќ во еден момент се обрати до вдовицата на Поповиќ, неговите деца и соработниците и замоли за минута молчење.

Емотивни беа и зборовите на Остоја Мијаиловиќ кој откри последните зборови на Поповиќ и со својот говор ги расплака сите.

Потоа беше прикажан и филмот за животот на Саша Поповиќ кој исто така расплака цела сала.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button