Брена дувна 65 свеќички, тортата многу необична – фолк дивата позира беш шминка, а овој детаљ ги воодушеви фановите
Балканската фолк ѕвезда и претприемачка Лепа Брена го прослави 65. роденден без шминка и со интересна торта.

Музичката легенда Лепа Брена вчера го прослави својот 65. роденден, а својот посебен ден го помина во кругот на семејството во раскошната вила на Бежанијска коса во Белград.
Дел од славеничката атмосфера сподели со своите следбеници на Инстаграм, каде објави фотографија покрај тортата украсена со нејзиниот лик и диско топки, детаљ што ги воодушеви бројните нејзините обожаватели.

Со фотографијата, Брена се заблагодари на сите кои ѝ упатија роденденски честитки и убави пораки:
„Драги пријатели, ви благодарам на сите за најубавите желби за роденден. Вашите пораки, честитки и убави зборови ми го разубавеа денот и го направија посебно среќен. Безмерно го ценам вашата внимание, љубов и времето што го посветивте да ми испратите убави желби. Благодарам што сте дел од мојот живот и што го направивте овој роденден незаборавен. Ве сака вашата Брена.“
По повод роденденот, во разговор за српски Курир, Брена откри како гледа на својот живот и кариера по продажбата на својот дел во „Гранд продукција“, една од најпознатите продукциски куќи во регионот, која ја поседуваше заедно со сопругот Боба Живојиновиќ.
„Откако немаме удел во Гранд, свртев нов лист и одлучив да го живеам својот живот. Не следам што се случува на естрадата ниту во светот на шоу-бизнисот, бидејќи тоа повеќе не е моја работа ниту моја обврска. Сè повеќе гледам серии, документарци за луѓе и нивните животни приказни, за познати актери, пејачи, спортисти… Многу интересни приказни за тоа како се носат со слава, успех и пари“, искрено одговори Брена.