Бремената 48-годишна актерка изгледа феноменално во овој преубав црвен фустан
Сите се изненадени од убавите вести

По седум години брак, актерот што го глумеше славниот Џејмс Бонд, Даниел Крег и актерката Рејчел Вајс со јавноста споделија прекрасни вести. Имено, симпатичната оскаровка е бремена, а тоа можеме да го видиме и од фотографиите што деновиве се појавија во јавноста. Таа веќе има 11 годишен син Хенри од претходниот брак, а Даниел – 25 годишна ќерка Ела од претходната сопруга.

„Даниел и јас сме среќни многу што ќе имаме уште едно дете. Нестрпливи сме и одвај чекаме да видиме дали е машко или женско. Тоа е вистинско чудо“, изјави деновиве Рејчел за странските медиуми, а сега и будното око на фотографот забележа дека стомакот веќе и се познава. Имено, актерката се прошета низ Њујорк во тесен долг фустан кој и стои одлично. Креацијата е со суптилен дезен, со крој кој потполно одговара на нејзината линија, особено со детаљот во форма на лента над стомакот врзана во панделка.

Таа впечатливиот фустан дополнително го нагласи со златните модни додатоци како што се нараквицата, обетките и златни сандали со широки, блок потпетици, а целата комбинација ја заокружи со црни очила за сонце.

Актерката која на 48 години повторно ќе ја почувствува магијата на мајчинството и бременоста изгледа одлично во ова издание, а судејќи според изразот на лицето, таа е пресреќна што наскоро повторно ќе биде мама.



