Клоакална малформација е спојување на уретрата, вагината и анусот во еден отвор!
Бременоста како последица на аналниот секс се случува еднаш во милион случаи, а урологот Брајан Стекнер од клиниката „Jersey Urology Group” во Атланта досега имал само еден таков случај за време на своето школување. Пациентката за време на прегледот на докторот му признала дека пред бременоста имала исклучиво анален секс.
Бременоста и крварење од ректумот
„Една вечер млада и бремена жена дојде во брза помош и се жалеше дека крвави. Иако крвавењето за време на бременоста не е необично, ова беше ректално“, вели Стекнер. До тоа дошло бидејќи е родена со ретка аномалија поради која уретрата, вагината и анусот не и се одделени со ткиво, туку сите се споени во еден отвор наречен клоака.
Пациентката е родена со клоакална малформација, ретка состојба (во просек ова може да и се случи на една од 25.000 жени!), а болеста се манифестира со споена уретра, вагина и анус во една голем отвор, наречен клоака. Иако докторите не знаат што е причината за оваа аномалија, таа обично се дијагностицира веднаш по раѓањето, откако следува и хируршки зафат со кој се раздвојуваат уретрата, вагината и ректумот.
Надворешно анатомски се изгледа добро
Така било и со оваа жена, но изгледа за време на операцијата се случила грешка од страна на докторите или поради физичка траума телото формирало фистула (абномална поврзаност на органите) што предизвикало да дојде до спојување на матката со ректумот. Проблемот не е воочен бидејќи однадвор се изгледало обично, додека нејзината вагина станала „слепа улица“, а менструација добивала ректално.
Hey,
It’s Possible!