Џеси Пинкмен се врати!
Фото:IMDb
Актерот Арон Пол се појави во првиот трејлер за претстојниот филм „El Camino: Breaking Bad Movie“, кој беше снимен според популарната серија што се емитуваше до 2013 година. Трејлер првпат беше прикажана на Еми наградите во неделата во Лос Анџелес, пренесува N1.
Во „Ел Камино“, бегалецот Пинкман бега од своите киднапери. Фановите на серијата се сеќаваат дека Пинкмен избегал од неонацистичкиот камп во автомобилот „Шевролет Ел Камино“.
Популарната серија, која се емитуваше од 2008 до 2013 година, се вртеше околу Валтер Вајт (Брајан Кренстон), професор по хемија во средно училиште, кој боледуваше од тешка болест.
Заедно со неговиот поранешен студент Пинкмен (Арон Пол), Вајт се свртува кон светот на злосторството за да ја обезбеди финансиската иднина на неговото семејство. До времето кога се емитуваше последната епизода, серијата беше меѓу најгледаните програми на американската кабелска телевизија.