Реклама
Блог

Големо БРАВО за овој хуман гест на господинот Заев

Реклама

Во септември минатата година, во еден текст што го објавивме на Штипка (види тука или тука) јавно побаравме од господинот Заев да ги донира парите што ќе ги добие од тужбата за клевета за хуманитарни цели.

Градоначалникот на Струмица и лидер на најголемата опозициска партија СДСМ денес тоа и го направи. Тој беше дел од големиот велигденски хепенинг во организација на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ и Младинскиот клуб при општинскиот одбор на Црвениот крст кој се одржа во Струмица и истите ги поддржа со купување на нивни изработки со велигденски мотиви. Тој донираше 200 илјади денари, средства од добиена тужба за клевета против него на центарот „Порака“ и четири дечиња на кои им е потребно лекување. Еве што изјави тој, како што пренесе порталот Бриф:

Маркетинг

„Со месеци, а можеби и една година, политичари, квази политичари, бандити и криминалци од секаков вид, ме обвинуваа за поткуп, за шпионажа, за странски служби. Дел од нив одлучив да ги тужам за навреда и за клевета. Три пресуди од нив се добиени, едната е 200 илјади денари, втората 150 и третата 300 илјади денари. Конечна и извршна е првата пресуда и парите ги наплативме преку извршител. Ја користам денеска можноста да испратам порака дека со наплата на овие пари сигурно дека мојата чест и углед нема да бидат возобновени, но мојата душа ќе биде делумно залечена со чинот кој што денеска ќе го направиме, а тоа е после плаќањето на персоналниот данок од десет посто за државата Република Македонија, 60 илјади денари ќе донирам на центарот за помош на лицата со интелектуална попреченост „Порака“ и по 30 илјади денари на четири дечиња од општина Струмица и општина Василево на кои што им треба помош за лечење, а тоа се Македонка Андонова 2,5 – годишно девојче од населеното место Ангелци за блничко испитување во странство, Анѓела Стојанова 7-годишно девојче од Муртино на кое што му се потребни средства за операција, Ѓорѓи Василев 7-годишно момче од истото село на кое му се потребни средства за лечење и Мартина Манушева 11-годишно девојче од исто од Муртино за лекување во Германија. Денеска е Лазарова сабота, доаѓа Велигден, да ја испратиме пораката да помагаме, да го правиме тоа секогаш кога можеме, заради тоа што, ако не друго, барем ќе си залечиме дел од душата, а сите имаме по некоја болка на нашата душа“.

Па голем бел бумбар за овој потег на Заев.

Маркетинг

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button