Браво за нашите во Германија – наскоро голем хуманитарен концерт за помош на жртвите од пожарот во Кочани
Еве кој сé ќе настапува

Нашите иселеници од Германија ќе организираат голем концерт за помош на жртвите од трагедијата во Кочани – сите собрани средства од продажба на билетите ќе бидат донирани преку платформата SupportKocani.
За Кочани. За Македонија. За човештвото….
Нашата позната пејачка Каролина Гочева на 6 јуни ќе одржи хуманитарен концерт за Кочани во Мајнц, Германија.
Каролина заедно со организаторите овој настан ќе го одржат пред нашите иселеници од оваа земја, а се со цел да е соберат средства за помош на настраданите во пожарот што се случи во Кочани.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина која важи за една од нашите омилени и најголеми ѕвезди, својата хуманост досега ја покажала безброј пати.
Овој пат таа ќе настапи на големиот хуманитарен концерт организиран од Црковната општина Св. Никола- Мајнц, а сите собрани средства ќе бидат донирани за поддршка на жртвите во трагедијата.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Концертот ќе се одржи во германскиот град Мајнц (Oktoberfest Halle Mainz, Genfer Allee, 55129 Mainz, во недела, 08. Јуни.
Покрај Каролина која ќе биде главна ѕвезда на вечерта ќе настапат и КУД Шара од Тетово, КУД Св. Никола Мајнц, Група Милениум, Василија Петрова, Сања Здјелар, додека за најмалите ќе има специјална детска програма со Поточиња.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Водители на вечерта ќе бидат македонските актери Валентин Костадиновски – Тино и Атанас Атанасовски – Атанас.
На лице место ќе се нудат македонски традиционални јадења и пијалаци, подготвени со љубов и вкус на татковината.
Инстаграм/ Василија Петрова
Цена на билет е 20 евра за возрасни и 10 евра за деца над 12 години, додека за деца под 12 години ќе биде бесплатно. Заинтересираните резервации за билетите можат да да ги направите на www.legacyevent.de, но билетите ќе бидат достапни исклучиво на касата на влезот од салата, пишува во објавата на „Legacy.event.marketing“ што ја сподели и Каролина на својот профил на Инстаграм.
Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи на 16 март во дискотеката Пулс во Кочани згаснаа 62 млади животи.
Принтскрин/ Инстаграм
Шестмина од нив се уште беа деца, а речиси 200 лица беа повредени од кои голем дел се уште се наоѓаат во болници.
Несреќата се случи на 16 март околу 2.30 часот по полноќ, на концерт на ДНК, група од која во пожарот загинаа осум членови.