Наши ѕвезди

По Задушница Каролина и Василија ќе одржат хуманитарен концерт за Кочани во Германија

Пејачката го најави хуманитарниот концерт за Кочани

Advertisement

Хуманитарен концерт во Мајнц на 08. Јуни

Нашата пејачка, Каролина Гочева, го најави својот хуманитарен настап од чии приходи ќе се собираа средства за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.

Advertisement

Концертот ќе се одржи во недела, на 08. Јуни, во Мајнц, Германија, а покрај Каролина ќе настапи и Василија Петрова заедно со Сања Здјелар и Група Милениум, а настанот ќе го водат Тино и Атанас.

Инстаграм

Пејачката на социјалните мрежи сподели и плаката од концертот и ги покани своите обожаватели од Германија да бидат дел од хуманитарниот настан од кој сите средства што ќе се соберат од продажбата на влезниците ќе бидат донирани преку организацијата Супорт Кочани. Настанот е во организација на Црковната општина „Св. Никола“ во Мајнц, а ќе се одржи во „Октобар фест“ халата во овој град.

Advertisement

Како што пишува на Фејсбук профилот на Матица на иселеници, пред одржувањето на Фестивалот ќе се богослужи Света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Пимен Митрополит Европски.

Инстаграм

Покрај Каролина и Василија Петрова, ќе настапат и КУД шара од Тетово и КУД Св. Никола од Мајнц.

Потсетуваме, Каролина пред неколку месеци се врати од турнејата во Германија, а имаше одличен концерт во Мајнц.

Таа деновиве беше гостинка о во една српска телевизија, каде меѓу другото зборуваше и за нејзиното пријателство со Тоше Проески.

Инстаграм

Каролина и Тоше беа мошне блиски, а како што пејачката откри, се запознале на некој фестивал, најверојатно 1998 година.

„И многу се дружевме. Се сеќавам дека приватно секој ден нешто си споделувавме. Многу бевме блиски во тоа време. Бевме многу блиски другари, нешто како брат и сестра. Медиумите се обидуваа да го прикажат тоа поинаку, но тоа е веројатно нормално“ – сподели Каролина, а потоа пред камерите и ја испеа „Тајно моја“ од нашиот легендарен пејач.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button