Браво Иренче, вака се живее 500 години – познатата фолкерка во костим за капење и во октомври
Овие сцени ги изненадија нејзините фанови...

Пејачката Ирена Спасовска вака си ги полни батериите
Помина летото, но не и желбата на нашата позната фолк-пејачка Ирена Спасовска, да си ужива во костими за капење.
Овој пат таа избра топол базен, па ги изненади сите со снимките што ги сподели на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Ирена Спасовска
Позираше во водата, во дводелен костим за капење, па покажа како ужива во спа центарот, но не и кој ја фотографираше.
Но очигледно дека не беше сама, а како изгледаше во ова свое издание со кое ги изненади фановите, погледнете во продолжение:

Фејсбук/ Ирена Спасовска
Следуваа бројни коментари дека изгледа одлично, но и за нејзината позитивна енергија, со која зрачи и во шестата деценија од животот.
„Браво Иренче, вака се живее 500 години. Само опуштено“, и порача еден корисник под овие нејзини фотографии.

Фејсбук/ Ирена Спасовска
Потсетуваме, Ирена пред неколку недели славеше роденден, кога привлече внимание и со пораката што ја сподели.

Фејсбук/ Ирена Спасовска
Таа тогаш носеше интересна комбинација и имаше преубава фризура, па си доби бројни комплименти дека изгледа одлично за свои години. Но тоа и не треба да не чуди бидејќи Ирена води сметка за својот изглед, но и на исхраната, а во последно време и редовно тренира.
„Денес е мојот најсреќен ден, денес ми е роденден. До крајот на животот без брзање, ќе се посветам на себе, без изговори. Среќата ме пронаоѓа без да ја барам во другите, и не допуштам никој да ми го поремети внатрешниот мир. Животот не може да се повтори, затоа одлучив да го живеам со полн гради и по моја мера“, напиша Ирена тогаш на Фејсбук.
Како оваа наша позната фолк-пејачка изгледа во овие свои релаксирани изданија, погледнете во продолжение:



