Огласи
Новости

Браво бенд со нова песна – „свириме сѐ, сакаме да има за секого по нешто“ (видео)

„Те љубам“ е композиција за која е снимена и српска верзија и истата според најавите во етерот ќе биде пуштена во текот на следната недела, а доаѓа по одличните „Катаклизма“ и „Љубав преко мреже“.

Страниците од приказната на момците од Браво бенд, како што и најавија, продолжуваат да се испишуваат со нови нумери, а овојпат место на нив има за песната со наслов „Те љубам“.

Свежина во звукот сега дечките внесуваат преку Весна Малинова, која се потпишува како автор на музиката и текстот и која во музицирањето на Браво бенд го внесува својот препознатлив стил.

Аранжманот, пак, на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ.

Реклама

Песната излегува во исто време со спот, за кој и овој пат беше задолжен веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацев, а кадрите за видеото се снимени на локации во Битола и на Пелистер.

„Како што ветивме на промоцијата на „Љубав преко мреже“ овој пат сакавме на јавноста прво да ѝ ја претставиме македонската верзија. Ветивме и дека ќе нѐ има повеќе, па се трудиме и тоа ветување да го одржиме. Сакаме и да бидеме што е можно стилски поразлични затоа што освен што свириме сѐ, сакаме во нашиот опус буквално да има за секого по нешто“, велат момците од Браво бенд.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button