MAMAРецепти

Брауни без брашно и шеќер – чоколадно чудо што се топи во уста, а не дебелее

Десерт што спојува неодолива арома и здрави состојки, уживајте без ни трошка грижа на совест!

Advertisement

Ако сте и вие меѓу оние кои одвреме-навреме едноставно не можат да одолеат на нешто благо, без разлика колку е силна вашата волја, овој десерт ќе ве воодушеви!

Брауни без брашно е вистинско мало чудо што ја обединува богатата чоколадна арома со хранливи состојки кои му даваат карактер и му одземаат сè што предизвикува грижа на совест.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Наместо класично пченично брашно, во овој рецепт главната улога ја имаат кокосовото брашно и протеин со вкус на чоколадо – комбинација што го прави совршен избор за сите што сакаат сладок залак, но не сакаат да направат компромис со здравите навики.

Кокосовото брашно има низок процент на јаглехидрати, природно е богато со растителни влакна и здрави масти, а заедно со протеините обезбедува подолготрајно чувство на ситост.

Затоа овие брауни се одлична опција за ужинка, за десерт после тренинг или за моментите кога ненадејно ќе ве фати желба за нешто чоколадно кое ќе го изедете без каење.

Advertisement

Она што го прави рецептот уште повозбудлив е неговата едноставност: со неколку основни состојки и само неколку минути подготовка веќе сте на половина пат до совршено сочен, мек и богат брауни што по вкус не заостанува зад класичниот.

Еднаш кога ќе го пробате, сигурно ќе стане редовен гостин во вашата кујна. Толку е сочен, толку чоколаден и полн со добри нутриенти што ќе ви биде тешко да застанете на само едно парче.

Рецепт за брауни без шеќер и брашно

Потребни состојки:

3 јајца

2 грама стевија во прав или 20 капки течна стевија (или друг засладувач по избор)

100 г путер (стопен и изладен)

1 лажичка екстракт од ванила

100 г темно чоколадо (стопено)

40 г кокосово брашно

30 г какао во прав

1 лажичка прашок за печиво

прстофат сол

30 г чоколаден протеин

малку бадем иситнет за посипување

принтскрин јутјуб

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со стевијата додека смесата стане пенеста.

Додадете го стопениот и изладен путер и екстрактот од ванила.

Вмешајте го стопеното темно чоколадо.

Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: кокосово брашно, какао, прашок за печиво, сол и протеинот.

Соединете ја сувата мешавина со смесата од јајца и добро измешајте за да добиете компактна смеса.

Ставете ја во калап за печење, посипете со малку бадем и печете во рерна на 180 степени, околу 20-25 минути.

Совршен е и кога е топол веднаш по печењето или ладен-брауни со чаша кафе, овој рецепт, секако, ќе ве освои засекогаш.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button