Целиот Балкан шокиpaн од овој брачен пар што се врати од Германија – нивниот сосед ги фати живи, „горат“ социјалните мрежи
Едно момче од Босна и Херцеговина остана запрепастен кога виде постар брачен пар, во автомобил со германски регистрации, како фрла ѓубре во реката Усора во босанската општина Јелах.
Брачен пар кој живее во Германија фрли три вреќи со ѓубре во реката Усора во местото Јелах во Босна и Херцеговина.
Но еден жител на тоа место ги фати „живи“ како го првата тоа и ги натера да се вратат и да го соберат ѓубрето. Откако најпрво ги однесе до местото каде што го фрлија ѓубрето, мажот најпрво се правдаше дека жената го натерала да го фрлат во реката и дека така не фрлаат во Германија.
„Јас и кажав да го фрлиме во контејнер. Тоа не го правиме во Германија, би добиле казна за тоа, му одговори човекот.
И откако сопругата ја собра едната вреќа, човекот што ги снимаше и кажа дека ја видел како фрлила уште една вреќа.
Жената цело време се правдаше дека немаат контејнер во близина на куќата и зборуваше дека „водата ќе го однесе ѓубрето“.
„Ене ти контејнери на секој чекор, кога сакаш можеш да го фрлиш кај мојата куќа. Не можеш така да доаѓаш во Босна и да правиш што сакаш“, и кажа мажот на жената, по што сопружниците му се извинија.
„Не извинувај ми се на мене, извини им се на граѓаните тука“, објасни тој.
Човекот потоа ги испрати со автомобилот до контејнерите во кој брачниот пар од Германија го одложи ѓубрето.
„Вака се однесува нашата Златна Дијаспора кога ќе се врати во својот роден крај. Не ви е ова Џермани. Тука живееме ние кои не ја даваме својата околина, своите реки, својата природа, образот и карактерот. А вас срам да ви е“, напиша Мирнес со видеото што го објави на Фејсбук.