ВестиВирално

Божјо чудо во Дојран – пожарот дојде до црквата Св. Петка и застана, наоколу се пеплоса, но не и ова место!

Моменти што не потсетуваат на важноста на верата и надежта и во најтешките моменти...

Advertisement

Ова видео никого не остави рамнодушен

На социјалните мрежи се споделува снимка што ја објави Кире Михаилов, заменик директорот на ЈП Национални шуми.

Advertisement

Имено, тој самиот го снимаше видеото откако беше изгаснат големиот пожар што го зафати дојранското село Николиќ.

Фејсбук/ Кире Михаилов

И самиот изненаден од она што се случи за време на пожарот, кога целата околина беше зафатена од огнените стихии .

Advertisement

Михаилов веднаш по пожарот го сними овој видео запис, на кој јасно се гледа дека само црквата која што се наоѓа на местото кое речиси целосно е опожарано, останала не допрена од огнот.

Фејсбук/ Кире Михаилов

Како да постои некоја невидлива линија преку која огнената стихија не смеела да помине, така што црквата останала целосна.

Фејсбук/ Кире Михаилов

Околните ридови целосно се пеплосани, но само ова место останало недопрено, како што може да се види и од снимката.

Фејсбук/ Кире Михаилов

„Оние што не следат деновиве знаат дека овде нам, во Николиќ, ни се случи една буквално апокалиптична сцена од пожарот“, вели Михаилов на почетокот од видеото додавајќи дека просторот што го снима бил претежно со сува трева и дрвја кои лесно горат.

Фејсбук/ Кире Михаилов

Фејсбук/ Кире Михаилов

„Сакам да ви покажам едно чудо и еден феномен кој се има случено тука“, вели тој и заедно со камерманот тргна да покаже за што станува збор. Тој објасни дека се наоѓаат неколку стотици метри од Николиќ, каде самото место и сите останати околни ридови се целосни изгорени.

Фејсбук/ Кире Михаилов

Но погледнете, внатре има едена мала зелена оаза која воопшти не е зафатена од пожарите, вели тој и тргна кон ова место.

Фејсбук/ Кире Михаилов

Тој притоа посочи дека огнот стигнал до самиот врв на ридот за многу кратко време, но и дека тука никој во тоа време на го гаснел.

Фејсбук/ Кире Михаилов

„Ова што го гледате пред мене е црквата Света Петка која е неколку стотици метри од селото Николиќ“, изјави тој потоа покажувајќи како огнот стигнал буквално до самата црква, воопшто не допирајќи го ова свето место. Од снимката јасно се гледа како да постои линија, до самите клупи, кои иако се дрвени, воопшто не се зафатени од огнот, а наоколу се е изгорено, целиот простор е пеплосан.

Фејсбук/ Кире Михаилов

„Ова се неколку стотина метри квадратни кои останаа нечепнати од пожарот кој навистина беше страшен“, вели Михаилов во снимката.

Целото видео погледнете го во продолжение:

На снимката јасно се гледа дека православниот храм посветен на Света Петка е недопрен од огнот, како симбол на вера и надеж.

Огнот целиот простор немилосрдно го зафатил, но црквата е останата недопрена, така што според многумина ова навистина е чудо. Тоа може да се види и од коментарите под самото видео, кое многумина поттикна да размислуваат за силата на духовноста и симболиката на светите места, па дури и кога се соочуваат со природни катастрофи.

Ваквите моменти потсетуваат и на важноста на верата и надежта кои ни даваат сила на сите во најтешките моменти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button