Божица од Скопје заплака по она што и’ го кажаа во „Ѕвездите на Гранд“ – Ѓорѓе во шок кога ја слушна
Познатиот рокер не можеше да поверува дека во прашање е иста личност и колку тремата може да биде пресудна...
Тремата беше посилна од неа…
Божица Китановска (27) од Скопје се појави на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ и за прва песна ја избра „Ако згрешам нека изгорам“, а потоа и една песна од популарната група „Магазин“.
Но пејачката не успеа да ја совлада тремата, заради која и се тресеа рацете и беше видно вознемирена, па тоа се одрази на нејзиното пеење.
Таа по настапот одвај можеше да зборува од преголемата трема, па водителката Ана Севиќ се обиде да ја смири.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Можеш ли да зборуваш?“, ја праша Војо, но Божица толку беше возбудена што одвај му одговори на познатиот водител.
„Ти како да си дојдена да вадиш заб без анестезија“, се пошегува Војо сакајќи да и помогне на Божица да се опушти.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Огромно неискуство, многу несигурни тонови… Не би коментирал јас многу“, изјави прв Босанац по настапот на девојката, а Марија Шерифовиќ потполно се согласи со коментарот на познатиот композитор.
„Ѓоле многу ги сака Македонците и Македонија, па, еве, кратко и утешително“, го праша Војо познатиот рокер Ѓорѓе Давид, по што тој објасни дека бил на аудицијата во Скопје и потполно е шокиран од неа затоа што тогаш звучела далеку подобро и посигурно, па дури и се прашува дали е истата личност во прашање.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Шокиран сум, дали е можно тремата толку да те изеде вака да звучиш?! Имаш добра песна да возиш низ бараж, мора да се собереш, дајте еден аплауз“, го коментираше рокерот настапот на Божица.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Потоа следуваше коментарот на Кеба, кој беше единствениот што го даде својот глас за пејачката, но кога тој почна да зборува, натпреварувачката ја совладаа пресилните емоции и почна да плаче.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Водителката тогаш ја гушна, а публиката повторно аплаудираше за да и помогне на пејачката да се соземе.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Таков страв во сите овие емисии јас досега немам видено“ изјави Кеба по што ја посоветува да најде ментор во Скопје и да вежба.
„Ти имаш талент“, изјави на крај тој.
Како звучеше сето ова, погледнете во продолжение…