LIFESTYLEХороскоп

„Боже, те молам биди ни на помош и олесни им ги страдањата на сите болни“

Advertisement

Молитвата може да ни го даде потребниот мир и да ни ја врати потребната верба… Во продолжение прочитајте една молитва која ќе ви даде трпение и сила.

ФОТО: unsplash.com

Господе, ти знаеш што значи страдањето. Утеши ме и дај ми сила за да сфатам дека во моето страдање не сум сам, дека те имам тебе. Ти благодарам за вербата и надежта која ми ја даваш, фала и за твоите рани кои зборуваат повеќе од сите зборови. Прости ми за моментите на слабост кога бев тажен и окга не знаев дали можам да го отворам срцето кон твојата љубов. Господе, знам дека ме разбираш.

Advertisement

Биди со мене и зајакни го мојот дух, па твојата љубов во мене секогаш да победува. Те молам Господе, подари ми телесно здравје и со него ново светло во мојата душа за да можам да продолжам да ти служам. Ти заблагодарувам Боже за оние кои ги испрати на мојот пат и кои ми помагаат со својата присутност, со своите примери, со својата работа и своите молитви.

Те молам Господе, биди им на помош и олесни им го страдањето на сите болни кои поминуваат низ тешки животни моменти или се во животна опасност. Мене додели ми љубов и разбирање, за да можам да им помогнам, да ги утешам, да ги охрабрам и така да го олеснам нивното страдање.

Биди секогаш со нас, Господе, а ние ќе ти ја довериме својата љубов.

Advertisement

Амин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button