Ќе ви биде многу полесно ако успеете да најдете мир и да се помолите.
Боже, ти го предавам својот живот. Ти ги давам своите патишта, за да ме водиш низ нив. Ти ги прикажувам своите солзи за откупување на моите гревови. Ти го покажувам и мојот немир, те молам Господи, благослови ме и отфрли ја мојата несигурност, а зајакни ја мојата верба. Те молам и за своето семејство, дај ни мир во ова заедништво, здравје, љубов, разум и благослов. Чувај не’ од секакви зла, нека секој наш ден започне и заврши со твојот благослов.
Ти благодарам Господи за минатото, сегашноста и за иднината под твоја заштита. Не дозволувај, Исусе, силите на злото да влезат во мене, во моето семејство или во нашиот дом. Благослови го нашето живеалиште и нека во него царува волјата твоја.
Ти благодарам Боже што непрекинато бдееш над нас и што секоја болка ја претвораш во сила, а немирот во мир. Ти благодарам што ни даруваш здравје и љубов во секојдневието. Ти благодарам што ни го даваш твојот благослов. Ти благодарам што нашата животна река тече мирно и што сме исполнети и охрабрени.
Претвори ја секоја препрека во дар кој еден ден ќе го ставам пред тебе. Подари ми го мирот кој ќе им го подавам и на другите. Подари ми милост за да можам да бидам твој добар слуга. Покажи ми, Боже, како да одам напред кога тоа ќе биде претешко за мене. Се радувам на секој ден во кој ќе ме поучиш како даровите кои ги примам од тебе, ги користам за твоја благодарност и слава на името твое.
Амин.