Верниците знаат колку може да ги смири една молитва, а притоа да им даде спокој и трпение. Во продолжение прочитајте една молитва која на некој начин ќе ви го даде мирот во овие бурни времиња.
Семоќен Боже, јас сум во твоите раце и овде сум да се помолам за мир и вечен спас. Цврсто верувам дека си сега овде со мене. Те молам, Боже, благослови ме, а благослови ги и сите оние кои сега се молат. Благослови ги сите луѓе, благослови го ова место и овој момент. Нека овие моменти останат милостиви моменти за мене и за сите оние за кои се молам. Те молам отстрани го немирот кој се всадил во мене. Оздрави ги болните тела и уморните души. Исцели ги сите мои рани и болки. Боже, ти добро знаеш колку е тажно да се нема мир, радост, среќа и душевно задоволство.
Те молам, помогни им на сите, утеши ги и направи ги посилни. Помогни ми секој ден да го живеам во љубов, разбирање и мир. Те молам со надеж дека ќе ја слушнеш оваа моја молитва и дека ќе ми го даруваш она што е добро за мене. Исусе, те молам влези сега во сечие срце, во секое семејство, во сечиј дом и дарувај вистински мир и радосна надеж, духовно задволство и вечен спас.
Амин