Ангелот на Викторија, Лили Олдриџ oтворено зборуваше за својата диета, за вежбите, како и за тајната за нејзиниот совршен изглед.
Спротивно на општо прифатеното верување во јавноста, ангелите како Лили Олдриџ воопшто не прегладнуваат пред да скокнат во екстравагантната долната облека што ја носат на гламурозната годишна ревија.
Лили досега беше шест пати модел во ова шоу и сега повторно блескаше на пистата, па затоа се обидовме да дознаеме која е тајната за нејзината совршена форма, каква исхрана почитува и на кој начин вежба за да биде меѓу најубавите девојки на спектаклот.
А тоа дека оваа жена има совршено тело, тоа го забележаа сите на годинешното шоу кое за јавноста ќе биде отворено вечерва, на 9 декември. Погледнете како таа изгледаше додека ги носеше златните крилја и сексапилната и екстравагантна долна облека која никого не остава рамнодушен.
„За да бидете ангел, треба постојано да сте во форма, но пред шоуто вие мора да сте 100% физички подготвени“, вели 29 годишниот модел за Life & Style.
„Почнувам со вежби и подготовки два месеци пред шоуто за да имам доволно време за подготовки. Секогаш се обидувам тоа да го правам на здрав начин, но и да имам слободно време кога ќе посакам да се чувствувам добро“.
Нејзината исхрана вклучува многу месо кое не е премногу мрсно, овошје со малку шеќер и зеленчук, но за жал не се состои од алкохол.
„Првата голема работа што ја правам со откажувањето е виното, а потоа недела дена пред шоуто, јас престанува да јадам и солена храна.“ За да го одржува телото во форма таа вежба од три до шест пати неделно и секогаш одвојува по петнаесет минути за секоја вежба.
„Го сакам балетот, но и јогата, пилатесот и боксот“, вели таа.
Праксата со контрола на исхраната со тек на време станува многу полесна, особено затоа што Лили не е на диета само заради камерите, туку и заради себеси бидејќи со ваквиот начин на живот се чувствува многу подобро.
„Би јадела шпагети болоњезе по цел ден секој ден, но сега ми е јасно дека се чувствувам многу подобро ако се исхранувам со свежа органска храна од некоја фарма и ако си готвам самата за себе.“
„Никогаш не сум се чувствувала подобро во моето тело, но и како жена“вели Лили која покрај славната кариера, е позната и по нејзиниот сопруг Кејлеб Фоловил кој е позната рок ѕвезда.
Таа со нејзините цврсти и здрави навики кога е исхраната во прашање, за многу брзо време успеа да се врати пред камерите во долна облека откако се породи со нивната ќеркичка Дики Перл, на 21 јуни 2012 година.