Драган Стојковиќ Босанац, легендарниот музичар, со години е еден од омилените членови на жирито на Ѕвездите на Гранд.
Самиот вели дека е во добри односи со сите останати членови на жирито на Ѕвездите на Гранд, иако во емисијата често влегуваат во меѓусебни кавги.
И додека се дружи и приватно со сите членови на жирито, единствено никогаш не се дружел со Јелена Карлеуша, иако таа му беше сосетка.
„Ма неее, па, Јелена е ѕвезда. Добра е Јелена, добра, ама не ни недостасува, па и Југославија после Тито живееше уште десет години“ – рече на шега Босанац.
На прашањето на новинарот од Свет-скандал што ќе се случува следната сезона, Босанац одговара:
„Не знам за следната сезона, се е неизвесно, ништо не се знае. Можеби сум и стар, можеби ќе ме замени некој младинец“, напоменувајќи понатаму дека Саша Поповиќ го поставил жирито во стилот „врзи го коњот каде што газдата ти кажува“.
Инаку, потсетуваме дека Карлеуша неодамна објави дека „Ѕвездите на Гранд“ ќе згаснат бидејќи ќе се „гаси“ Гранд продукција.
Намерно или не сакајќи, таа го откри тоа преку инстаграм-приказна.
„Слушнавте ли дека се гаси Гранд? Да, баш ми е жал. Шолак ја продава Јунајтед груп. N1 во Хрватска веќе престана да работи, а во Србија и N1 и НоваС “ – меѓудругото напиша пејачката во подолга објава.
Но засега, членовите на жирито на Ѕвездите на Гранд не сакаат да коментираат на ова тврдење на нивната поранешна колешка од жирито.