Популарниот писател Чак Палахњук потврдил дека активно работи на продолжение на својот култен роман „Боречки клуб“ (ориг. “Fight Club”); кој што своевремено Дејвид Финчер го претвори во хит филм со Бред Пит и Едвард Нортон и дека продолжението ќе биде стрип.
Писателот првата информација ја даде утрово на својот Твитер профил, а излезе дека веста во светот на медиумите ја испратија уште во петокот претставници на издавачката куќа.
„Вистина е. Челси Кејн (писателка и колумнистка) ме запозна со уметниците кои работат за Marvel, DC и Dark Horse и тие ме запознаа со креативниот процес. Најверојатно тоа ќе биде серија лос книги, односно стрипови, кои ќе се надоврзат на приказната десет години покасно од крајот на Тајлер Дарден. Денес Тајлер ја раскажува својата приказна и всушност го демне Џек, додека чека да се врати. Џек воопшто не се ни сомнева, а на Марла ú е досадно. Нивниот брак виси на конец, а досада на предградието ги убива однатре. Дури кога ќе го снема нивниот син (кој што го киднапира Тајлер), Џек се враќа од таму од каде што има ’побегнато‘.
Секако дека приказната ќе биде мрачна и конфузна, а поради обврските од договорот, нема да се појави уште некое време. Следната година во план е „Прекрасниот Ти“, а потоа следи мојата збирка на раскази. Мислам дека издавачите ќе ми дозволат првата епизода од стрипот да се појави во текот на 2015 година“.
Што мислите вие за продолжението на ова навистина култно ремек дело? Дали и од ова може да произлезе нова книга, а потоа и филм?
А пред тоа да се потсетиме на приказната за најдобриот клуб за психофизичка надградба и современ начин на искажување на анархистичките и антиглобалистички ставови!
{youtube}SUXWAEX2jlg{/youtube}