Борче Министерот со песна за неговата љубов – големо изненадување за љубителите на народна музика
Борче Министерот ја престави својата нова песна – пее за љубовта, а за следната година најави и едно големо изненадување

Следната година ќе прослави три децении кариера
Битолскиот шармер Борче Наумовски, познат и како Борче Министерот, на „Фолк-фест Роса“ ја претстави својата нова песна.
Песната ги освои сите уште на прво слушање, па сега сите нестрпливо го чекаат и спотот за неа, а Министерот на својот профил на Фејсбук сподели снимка од фестивалот специјално за своите бројни фанови.

Фејсбук/ Борче Наумовски
Станува збор за песната „Моја љубов моја судбина“, која освојува на прво слушање, посебно поради интересниот спој на гитарите и неговиот глас.
Ова ново издание на Министерот и модерниот звук со елементи на рок и фолк ја воодушеви неговата публика.

Фејсбук/ Борче Наумовски
Песната наскоро ќе биде преставена и премиерно на Јутуб, а уште на прво слушање освојува со силната емоција, но и со препознатливиот вокал на Наумовски, како и модерната продукција.
„Фолк-фест Роса, по 6-ти пат, еден од моите омилени фестивали. ‘Моја љубов, моја судбина’, музика и аранжман Кирил Стојчевски, текст Валентин Соклевски. Се надевам искрено дека ќе ви се допадне мојата најнова песна.. Со почит кон сите, вашиот Борче“ напиша познатиот фолк-пејач во описот на видеото.
Фестивалско дете
И додека многумина очекуваат и спот за новиот сингл, Борче најави дека за седната година спрема уште едно големо изненадување.

Фејсбук/ Борче Наумовски
Имено, Борче од почетокот на својата кариера досега има настапувано на бројни фестивали низ Македонија.
И токму заради неговата богата фестивалска историја на почетокот од кариерата го викаа и фестивалско дете.
За време на сите овие години, Наумовски освоил голем број награди – и од жирито и од публиката. Некои од најзначајните се: Победник на Прилеп Фолк Фест 2010 со песната „Песна љубовна“, победник на Фолк Фест Валандово 2012 со хитот „Друга жена не сакам“, награда за најдобар дебитант и многубројни први, втори и трети места на различни фестивали.
Зад себе има четири студиски албуми, а иако самиот вели дека нема „преголеми“ хитови, сепак неговите песни се препејуваат и препознаваат насекаде низ светот. Посебно е барано име кај македонската дијаспора – во Австралија, каде што и живеел, како и во Шведска, Данска, Швајцарија, Австрија, Германија. Настапите таму се вистински празник за нашите луѓе, кои неговите песни ги пеат во еден глас.

Фејсбук/ Борче Наумовски
Голем солистички концерт во Битола
По повод јубилејните 30 години музичка кариера, Борче Наумовски – Министерот за естрада, за следната година најавува голем солистички концерт во Битола. Настанот ќе биде дел од годинешниот Бит-фест – Битолското културно лето, а ќе се одржи во уникатниот амбиент на античкиот амфитеатар Хераклеа Линкестис.
Повеќе за ова прочитајте тука >>



