Наши ѕвезди

Борче Министерот го знаат сите, но фолк-пејачот НЕ е единствениот познат господин во семејството

Ќе се изненадите кој му е брат на пејачот

Advertisement

Откриваме кој е братот на нашиот познат фолк-музичар

Нашиот познат фолк-пејач Борче Наумовски неодамна во емисијата „Кафе муабети“ откри интересни детали од неговиот живот.

Advertisement

Борче следната година ќе направи јубилеен концерт во Битола по повод три децении музичка кариера, па уште сега најавува вистински спектакл за љубителите на народната музика.

Фејсбук/ Борче Наумовски

Тој на почетокот од својата кариера живееше во Австралија каде замина заедно со сопругата, па и таму има своја публика.

Но во еден момент од животот ќе реши да се вратат во Битола, градот за кој вели дека има посебно место во неговото срце.

Фејсбук/ Борче Наумовски

И братот на Борче е многу познат

Инаку, малкумина знаат дека Борч има брат кој исто така е познат, а кој својата кариера ја гради и надвор од Македонија.

Имено, негов брат е актерот Тони Наумовски, кој веќе долги години живее и работи во Америка каде ја гради својата успешна кариера.

Инстаграм/ Тони Наумовски

Во една пригода поразговаравме со Тони, кој минатата година беше актуелен по улогата на Владимир во филмот „Лена и Владимир“ со кој собра бројни награди, кога ни откри дека и тој како и неговиот брат ја обожава изворната македонска музика..

Тој тогаш истакна дека најмногу емоции му предизвикува токму изворната музика, но и дека Борче за него е Моцарт. „Како цела колективна меморија на нашите предци да е собрана во една точка“, вели тој, а потоа додаде и која музика најмногу сака да ја слуша кога е Македонија и македонското во прашање.

Инстаграм/ Тони Наумовски

„Обожавам да ја слушам мајка ми Зора, која што низ сплет на животни околности, за жал, никогаш не се определи за таа кариера, но кога таа пее и боговите молчат“, сподели Тони, па заклучи:

По неа е брат ми Борче Наумовски. Тој е Моцарт за нашата македонска и балканска музика; изворна, староградска, народна, забавна…Есма, Тоше, Каролина, Калиопи, Љубојна, Фолтин, Тони Китановски, Некст Тајм, Горан Бојчевски, Влатко Стефановски, Драган Даутовски, Дуке Бојаџиев, а последно време и Мики Секуловски“, ни откри актерот.

Целото интервју со Тони прочитајте го тука, а во продолжение погледнете ја и емисијата „Кафе муабети“ со неговиот брат, Борче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button