LIFESTYLEХороскоп

Борбената жена Бик секогаш е тука за своето семејство

Advertisement

Иако жената Бик знае да биде и своеглава, сепак, нејзина најглавна особина е нејзината борбеност. Таа е одлучна, реална и стабилна. Неуморна е и секогаш е подготвена да оди напред.

ФОТО: Shutterstock

Нејзината најголема моќ лежи во две победнички особини: чувствителност и трпеливост. Знае да биде многу љубезна и кротка, но тоа не значи дека со неа можете да манипулирате. Семејството е света работа за неа, играјте си со се’, само немојте со емоциите на нејзините најблиски, бидејќи во тој случај е подготвена да ве нападне со сета своја сила. Пријателствата создаени во детството траат засекогаш, таа се грижи за нив како за себе.

Advertisement

Сепак, оваа дама избегнува да ја покаже својата огнена страна, освен ако нема реална потреба за тоа. Ја сака природата, ужива да биде надвор и по можност секогаш дневните активности да ги врши од таму. Тоа ја полни со позитивна енергија и ѝ дава елан да продолжи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button