Со кружни движења, почнувајќи од глуждовите па нагоре кон колковите нанесете крема или гел против целулит масирајќи ја кожата неколку минути и на крајот повторно штипкајте во правец оздола нагоре. За релаксација во кадата предлагаме две одлични купки, кои се подготвуваат брзо и едноставно, а даваат одлични резултати доколку се применуваат почесто.
Купка од сол и џумбир во прав против целулит
Во топла купка додадете 2-3 лажици морска сол и 15 грама ѓумбир во прав. По купката намачкајте се со крема или млеко/ масло за тело бидејќи ѓумбирот ја суши кожата.
Купка со бршлен против целулит
100 грама листови од бршлен се варат 10 минути во 1 литар вода, се процедува, и се додава во кадата со вода. Оваа купка со бршлен ја зголемува циркулацијата и поттикнува топење на масните наслаги.