Реклама
BEAUTYКожа и нокти

Борбата против целулитот почнува со здравиот начин на исхрана

Реклама

Целулитот може да се појави од различни фактори: Генетски, хормонски дисбаланс, нееластичност на кожта, проблеми со крвотекот и дехидратација. Сепак, „главната работа“ што треба да ја промените кога започнувате да се борите со целулитот, е исхраната, а притоа треба да практикувате и одредени вежби.

Иако за сега не постои лек или средство кое во целост ќе го отстрани целулитот, постојат различни начини да се смали неговото присуство, а со тоа и да ослабнете. За почеток, треба да одберете диета која има енергетска вредност која одговара на потребите на вашиот организам, а посебно внимание треба да обрнете при избирањето намирници и во начинот на нивна подготовка. Не треба да отфрлувате калории, туку треба да избирате храна која лесно се вари.

Маркетинг

Во продолжение ви прикажуваме како треба да изгледа едно тридневно мени.

Прв ден

Појадок: Јогурт или кисело млеко, сирење, црн леб

Маркетинг

Ужина: Овошје или овошен сок

Ручек: Компир салата со риба и црн леб

Ужина: Овошје или овошен сок

Вечера: Варен зеленчук, месо, салата, леб

Втор ден

Појадок: Млеко, житарици

Ужина: Сладолед

Ручек: Зелка со месо, леб, салата од цвекло

Ужина: Кафе

Вечера: Варен зеленчук, месо, салата, леб

Трет ден

Појадок: Сок од моркови, кифла од црно брашно

Ужина: Сончогледово семе

Ручек: Карфиол, пилешко месо, салата, леб

Ужина: Овошје или овошен сок

Вечера: Јогурт, сирење, леб, салата

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button