Реклама
Нега и здравје

Како да направите домашни бонбони против кашлица од кокос и мед

Реклама

Како се приближуваат зимските месеци, така вирусите и грипот се сé почесто присутни и поради специфичните услови многу лесно се шират.

Токму затоа потребно е да го зајакнувате имунитетот преку целата година, а особено кога се приближува зимата. Покрај тоа, настинките се проследени со кашлица која може да биде заморна, па наместо да ја трошите вашата енергија на нешто корисно, вие морате да се борите со настинката и кашлицата.

Маркетинг

Од овие причини ви предлагаме на својот список со препарати за борба против настинките да ги вметнете и бонбоните кои се направени исклучиво од природни состојки. Тие ќе ви помогнат како кај кашлицата, но можете и да ги користете превентивно со цел да го зајакнете имунитет.

Потребни состојки

Маркетинг

1 дл. Кокосово масло
1 дл. мед по избор
цимет по избор

Подготовка

Кокосовото масло измешајте го со миксер, додека не стане како пена. Додадете мед и продолжете да мешате додека не добиете изедначена смеса. На крајот додадете цимет по желба и изедначете ги состојките. Потоа ставете ја смесата во сад за мраз и ставете во замрзнувач околу 20 минути. Бонбоните извадете ги од калапот, ставете ги во сад и чувајте ги во фрижидер.

Извор: Alternativa-za-vas.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button