CelebrityНаши ѕвезди

Бомбакис ги налути повозрасните госпоѓи на Фејсбук – „Војна“ од зборови помеѓу него и неколку кориснички, паднаа многу тешки зборови

Advertisement

Дечкото со картоните, Кристијан Станковски, во јавноста попознат како Бомбакис кој за време на пандемијата се прослави со своите уникатни натписи редовно објавува забавни видеа на социјалните мрежи.

Тој е инфлуeнсер со бројни следбеници.

Advertisement

Едно од неговите најнови видеа привлече огромно внимание во јавноста, посебно кај повозрасната популација.

Имено, станува збор за видео со комична содржина нешто што веќе извесно време кружи како тренд на Тикток. Поконкретно се работи за шега на која наводно воспитувачка се јавува кај родителот и му соопштува дека детето во градинка му е мнногу немирно. На тоа родителот возвраќа: „Па и дома е немирно, па не ти се јавувам јас тебе.“

Бомбакис и неговата сопруга Вики се одлучиле да се пошегуваат и да го снимат овој актуелен тренд и да го споделат ова со бројните следбеници, но видеото кај некој од корисниците на социјалните мрежи наиде на отпр.

Advertisement

Прво погледнете го видеото , па потоа ќе ви ја покажеме „војната“ помеѓу Бомбакис и повзрасните госпоѓи на Фејсбук кои го „нападнаа“

Многумина слатко се изнасмеаа, но неколку госпоѓи очигледно не разбраа дека се работи за смешка.

Една корисничка со погрдни зборови го нападна инфлуенсерот.

На ова како што можете да забележите Бомбакис не остана рамнодушен и и врати, по што настана сериозна кавга.

Многумина пишуваат дека не им се верува дека некој пишува вакви зборови и дека Фејсбук треба да се забрани за постари луѓе што не разбираат хумор и сатира.

Не беше таа единствента која што помисли дека Бомбакис сериозно разговара на видеото со таков тон со негувателката на неговата ќеркичка.

 

Потсетуваме дека човекот со картоните , популарниот инфлуенсер, Кристијан Станковски , познат како Бомбакис  во декември 2023 година го напиша најубавиот картон  кога стана татко, а неговата сопруга е повторно бремена.

ГО НАПИША НАЈУБАВИОТ КАРТОН: Бомбакис стана татко!

Во меѓувреме видеото насловено едноставно „Чудни луѓе“ собра близу 600.000 прегледи.

Што мислите вие за ваквите коментари и за видеа со ваква содржина?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button