CelebrityНаши ѕвезди

Болна исповед на Лејла Рамковска – „Имав 49 килограми, изгубивме сè што имавме и бевме на дното“

Advertisement

Јога-инструкторката Лејла Рамковска, која на Инстаграм има повеќе од 29.000 следбеници, искрено проговори за својата животна борба и начинот на кој токму јогата ѝ помогнала да се извлече од најтешкиот период во животот.

„Заборавив каква бев пред 12 години… слаба, нефлексибилна, со гастритис, дискус, спондилоза, калцификат на рамото, нарушен центарот за баланс и вертиго, само 49 килограми, со две мали деца, изгубивме сè што имавме, финансиски на дното, со брак кој се распаѓаше“, напиша Лејла во својата објава.

Advertisement

Таа откри дека токму во моментот кога почувствувала дека е „на дното“, одлучила да се сврти кон себе и да започне со јога.

„Полека, чекор по чекор, стекнав флексибилност, сила и нова стабилност. И животот почна повторно да се движи во нагорна линија, почнаа да наидуваат нови можности“, вели таа.

Лејла им се заблагодари на сите кои ја поддржале – од фирми и индивидуалци до редовните практиканти во нејзините групи.

Во својата последна објава таа призна дека последниве месеци направила пауза во вежбањето, по што повторно се соочила со анксиозност, утрински болки и вкочанетост.

„Ова само ме потсети: јогата е мојот пат, мојата лекција и мојата сила. Каде јас, таму и мојот мат“, напиша Лејла, потсетувајќи дека посветеноста кон јогата не е само физичка пракса, туку и начин на живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button