CelebrityНовости

Болна исповед на Аца Лукас – „Дознав дека син ми се дрогира, не можев да му кажам да не го прави тоа“

Advertisement

Аца Лукас деновиве повторно е во фокусот на јавноста, откако беше приведен во Македонија.

Но ова не е првпат познатиот пејач да ја отвори душата и да проговори за најтешките моменти од својот живот. Во една поранешна исповед, Лукас искрено раскажа за своето искуство со недозволени супстанци, но и за најчувствителната тема — разговорот со својот син, кога дознал дека тргнал по погрешен пат.

Advertisement

Говорејќи за воспитувањето, Лукас истакна дека родителите често бегаат од теми што се непријатни — а токму тоа, според него, е најголемата грешка.

– Најлошо е да се правиш дека проблемот не постои. Гости во емисијата тогаш беа социолози, психолози, доктори… зборуваа дека седум проценти од децата можат да се сретнат со дрога. Јас им реков: „Нема тука статистика. Детето првиот или вториот пат кога ќе излезе само — ќе му биде понудено нешто. На родителите им е обврска да објаснат што е што.“ Во денешно време не смее да има табу-теми во семејството – изјави Лукас.

Пејачот призна дека најтешко му било да му објасни на своето дете дека дрогата е погрешна, знаејќи дека и самиот имал проблематичен живот.

– Имав ситуација кога дознав дека мојот син… да речеме, почнал да кривуда. Многу е тешко да кажеш „не го прави тоа“ ако и самиот си имал искуство. Но, јас му реков: „Ти си мое дете и ќе те поддржам во сè. Работа ќе ти најдам, автомобил имаш, стан ти плаќам… но си ги побркал лончињата. Аца Лукас сум јас, не ти. Додека јас те издржувам си под мој кров — дрога да ти плаќам, нема. Избери: или имаш сè што ти давам, или немаш ништо.“ – раскажа пејачот.

Во разговорот, Лукас зборуваше и за сопственото искуство со дрогата, признавајќи дека имал „среќа“ што не го уништила.

– Дрогата е штетна, тука нема дилема. Тоа што мене не ме оштети за сите овие години не значи дека некој друг нема да страда после два пати. Како популарна личност која многу деца ја гледаат, не можам да бидам толку неодговорен да молчам. Може да ме копирате во многу работи, но во оваа — не. Дрогата никому не му треба – рече Лукас.

Пејачот додаде дека не поминал „пекол“, но само затоа што имал среќа и не бил тип на кој зависноста му се развива брзо.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button