„Болката си стои, но љубовта остана“ – Ана Костадиновска со трогателен спомен за сопругот кој си замина прерано (Фото)

Пејачката и професорка по пеење Ана Костадиновска повторно ги трогна своите следбеници со емотивна објава посветена на својот починат сопруг, кој си замина во 2022 година, само неколку месеци по страшната дијагноза.
Ана сподели фотографија од семејниот албум, на која се гледа нејзиниот сопруг Бобан со нивната ќерка, снимена пред седум години.

„Сопругот ми беше морална, духовна и професионална поддршка. Не беше музичар по професија, но одлично ја познаваше музиката. Сè се случи премногу брзо — дијагноза, операција, и не дочека да се опорави. Состојбата му се искомплицира и си замина. Болката си стои, тагата ми е чест гостин, солзите ми се секојдневие. Но, имав привилегија 15 години да живеам во љубов, слога и мир со прекрасен човек и совршен татко“, изјави Ана за „Женски магазин“.
Набргу по неговата смрт, Ана ја доживеа и загубата на својот татко — познатиот композитор Кире Костов, чии песни останаа евергрини во македонската музика.
На 16 март 2024 година, трагедијата повторно ја допре пејачката, кога во кочанската дискотека „Пулс“ го загуби и својот најблизок пријател и колешка, Сара Пројковска, која со неа настапуваше како придружен вокал. Истата вечер загинаа и други членови на групата „ДНК“, а неколку месеци подоцна почина и Владимир Блажев – Панчо, по седум месеци борба во болница.



