Реклама
Наши ѕвезди

Боли загубата на родителот, но животот оди понатаму – пејачката Анета со песна лекува тешки рани

Никој не знаеше како и беше тогаш на душата...

Реклама

И покрај тоа што поминуваше низ тежок период, таа својата работа секогаш ја завршуваше професионално…

Пејачката Анета Љумаковска неодамна имаше настап за паметење пред нашите иселеници во Швајцарија.

Таа настапуваше заедно со момците од „Дакапо бенд“, а истата вечер на сцената се појави и пејачката Теа Таировиќ.

Маркетинг

Од коментарите на Фејсбук повеќе од јасно е дека и двете пејачки направиле одлична забава, а Анета покрај својот глас ги изненади сите и со феноменалното издание во кое се појави.

Маркетинг
Инстаграм/ Анета Љумаковска

Потсетуваме, на Анета и покрај тоа што на професионален план и се случуваат само убави работи, таа минатата година, но и во претходниот период поминуваше низ тежок период во животот.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, шармантната пејачка најпрво во 2023 година се разведе, а оваа вест тогаш одекна како бомба во медиумите.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа иако досега многу ретко има зборувано на оваа тема, никогаш не криела дека тоа бил тежок период во нејзиниот живот.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

И како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, никој не знае како и било тогаш на душата, дали била расположена или не, па како вистински професионалец секогаш се обидувала секој свој настап да го одработи онака како што и доликува.

Неколку месеци подоцно, односно откако заврши со настапите со „Молика“ и продолжи самостојно, и се случи голема трагедија во животот, и тоа само еден ден пред нејзиниот 40-ти роденден.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, во текот на минатото лето почина нејзиниот татко со кого Анета беше мошне поврзана и кој ѝ беше голема поддршка во животот. Но пејачката и тогаш мораше да остане силна, па и да ги одработи настапите кои веќе со месеци однапред беа закажани, па и да запее кога и беше најтешко, и сите овие емоции да останат сокриени.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Болна е загубата на родителот, меѓутоа животот оди понатаму. Тоа што ме подржуваше во мојата кариера, ете тоа ме прави да продолжам понатаму бидејќи сум сигурна дека е горд на мене каде и да е и во никој случај не би сакал да престанам со пеење“, откри Анета во една пригода во нејзиното интервју за Гламур магазин.

Целото интервју со Анета прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button