Реклама
Наши ѕвезди

Боли сé без тебе мамче – нашата пејачка со тажна објава, најтешко е пред празниците без најблиските

На пејачката и недостасува нејзината мајка, посебно во овој период од годината

Реклама

Познатите сестри Тања и Лидија Кочовска пред две години останаа без нивната мајка Невена со која и двете беа многу поврзани.

Лидија сега објави стара фотографија на која е со својата мајка, потсетувајќи се на деновите додека таа беше жива.

Пејачката никогаш не криела колку и недостига мајката, а посебно и е тешко во овој празничен период од годината, кога целото семејство треба да биде заедно, како што тоа било со години наназад.

Маркетинг

Инстаграм/ Лидија Кочовска

„Боли сé без тебе мамче“, напиша Лидија под една нивна заедничка фотографија настаната во 2021 година, една година пред да почине.

Маркетинг

Инстаграм/ Лидија Кочовска

Потсетуваме, Невена долги години заедно со својот сопруг беа дел од ансамблот „Мањифико“ со кој го пропатуваа целиот свет.

Принтскрин/ Јутуб

Тие со овој состав кој доживеа и светска слава имаа направено преку 40-на хуманитарни концерти по земјотресот во Скопје.

Пред нешто повеќе од месец дена, како сеќавање на сопругата Невена Кочовска, која почина во 2022, и по повод 65 години од основање на ансамблот „Мањифико“, Панче Кочовски, таткото на Тања и Лидија, и сопруг на Невена, организираше изложба во фоајето на Национална опера и балет.

Принтскрин/ Јутуб

И како што самиот изјави тогаш, неговата желба била да го организира настанот на 11 октомври, денот кога се венчале со Невена. Но бидејќи не нашол слободен простор тогаш, настанот го поместил за неколку недели подоцна, а на денот на венчавката и оваа година се собрале со семејството во истиот ресторан каде што оделе секогаш за нивните годишнини и родендени.

На настанот во Национална опера и балет таткото задно со ќерките настапија со легендарната „Мама Хуанита“, за која Лидија тогаш кажа дека е една од песните што ја одбележала кариерата на ансамблот „Мањифико“ и многу важна за љубовта на Панче и Невена, но и за целото семејство Кочовски.

Инстаграм/ Лидија Кочовска

Инстаграм/ Лидија Кочовска

Инстаграм/ Лидија Кочовска

Бонус видео

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button