Наши ѕвезди

Боли душа од овие снимки со Панчо и Андреј – под нив фановите плачат, спомени што остануваат засекогаш

Ни останаа само нивните стихови кои сега звучат многу тажно и многу нивни фанови ги слушаат во солзи...

Advertisement

Животот на Владимир Блажев Панчо згасна по седум месеци тешка борба со последиците од пожарот во Кочани.

Неговиот погреб беше на истиот ден кога пред 18 години го загубивме и нашиот непреболен Тоше Проески.

Advertisement

Но и по една недела од испраќањето на Панчо во неговото вечно почивалиште, на социјалните мрежи се уште многумина споделуваат спомени на него од кои боли душа.

Принтскрин/ Јутуб, ДНК – Животе брате

Па така Мина Блажев, внуката на Панчо која исто така е пејачка, по погребот сподели една стара нивна заедничка фотoграфија. Непосредно пак, пред погребот, таа сподели и една тажна порака со која исто така расплака многумина.

Advertisement

Инстаграм/ Мина Блажев

Тажни фотографии од некогаш преубави спомени се уште споделуваат и многу други, а посебни емоции предизвикуваат и снимките што се уште се споделуваат, а од профилот на бендот ДНК.

Па така на една снимка која деновиве ја споделија речиси сите што беа блиски со познатиот музичар, се гледа како тој заедно со Сара Пројковска, која исто така почина во пожарот, пеат во автомобил. Сара беше придружен вокал во неговиот бенд и Панчо беше многу близок со неа, што впрочем може да се види и од ова снимка во која тие заедно ја пеат песната „Немир“. Станува збор за песна која Тоше Проески своевремено ја испеа со Каролина Гочева.

Боли и пораката што Панчо тогаш ја објави како опис на оваа снимка, со која изрази почит кон својот починат колега.

Покрај оваа снимка многу наши познати споделија и бројни други, а можеби една од најемотивните е и снимката во која ДНК заедно со својата публика ја пеат песната „Громови на душа“, исто така од Проески:

@dnk_mk

17 години не е помеѓу нас, а неговото отсуство секојдневно е се поприсутно. Tose Proeski ❤️‍🩹🕊️ ПС: Нешто спонтано од архива со нашата Сара Пројковска која е наш незаменлив пратечки вокал, и е со нас од самите почетоци. После настап, на враќање иако изморени, доста често вака се забавуваме и се потсетуваме на неговите ремек дела 🥹 #viral #foryou #balkan #днк #dnk #македонија #музика #music #tiktokmacedonia #тошепроески

♬ original sound – DNK / ДНК

Но најтажно од се е што станува збор за снимка објавена на Тикток, а беше направена од настапот на бендот кој се случи во дискотеката „Пулс“, една година пред пожарот, а која денес „кине душа“ на секој од нас.

@dnk_mk

Во саботата во Кочани, вака звучеше “Громови на душа” ❤️ #foryou #днк #dnk #viral #кочани #kocani #makedonija #македонија #тиктокмакедонија

♬ original sound – DNK / ДНК

Потсетуваме, Панчо е 63 жртва што ја однесе страшниот пожар што на 16 март се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

Оваа несреќа остави длабока трага во срцата на многумина, но и голема болка кај најблиските која не се опишува со зборови.

@dnk_mk

Слушнете ја “Што сака нека биде” во коњска изведба 🐴😆🐴 #viral #fyp #foryourepage #balkantiktok #macedonia #balkan #ДНК #dnk #foryou #music #foryoupage❤️❤️

♬ original sound – DNK / ДНК

Тој ден плачеше цела Македонија, а големата трагедија го потресе и регионот. Сите беа во шок од она што се случи, па оваа несреќа и седум месеци подоцна предизвикува болни емоции кај сите нас.

Посебно што во несреќата настрадаа млади и невини лица, на кои секогаш ќе се сеќаваме и преку овие песни.

Во несреќата згаснаа и животите на осум членови и соработници на бендот „ДНК“, па нивните најблиски и пријатели, но и бројни обожаватели, иако се соочуваат со неописливо голема болка заради загубата, секогаш ќе се трудат да ги сочуваат убавите спомените на нив, како и на сите останати жртви.

И токму затоа секое одново споделување на некоја од овие снимки или на песните на ДНК, буди посебни емоции.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button