Боли до срж – Сопругата на Андреј од „ДНК“ со трогателен спомен во чест на пејачот (Фото)

Со емотивна објава полна со љубов и носталгија, Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј од групата „ДНК“, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март, повторно го оживеа споменот на својот сакан.
Таа на социјалните мрежи сподели уникатна уметничка слика украсена со циркони, изработена специјално во чест на Андреј. На неа е испишана посвета што сведочи за вечната љубов и благодарност:
„Во чест на нашиот непреболен Андреј од ‘ДНК’. Твојата енергија, твојот глас и твојата насмевка останаа како ехо што никогаш не замолкнува. Препознатлив, неповторлив, глас што носеше радост, љубов и младешка сила. Секој блесок на цирконите ја раскажува твојата приказна. Ти благодарам, Андреј, што остави трага што свети и понатаму. Оваа слика ја посветуваме на семејството на Андреј и на сите негови обожаватели.“

Покрај трогателната посвета, Наталија сподели и фотографија на која се Андреј, Панчо и Тоше Проески — тројца големи пријатели кои, по трагична случајност, сите ја напуштија сцената премногу рано. Судбината ги поврзува уште еднаш, бидејќи Тоше загина токму на 16 октомври 2007 година — датумот кога оваа година беше погребан и Владимир Блажев-Панчо, по седум месеци поминати во болница како последица од пожарот во Кочани.
 


