Реклама
Наши ѕвезди

Марина Туцаковиќ за борбата со канцерот: „Ако има нешто добро во сето ова, тоа е дека повторно верувам во добрината на луѓето“

Реклама

Неодамна сите беа непријатно изненадени од веста дека авторката на текстовите на најголемите музички хитови во регионот Марина Туцаковиќ е тешко болна.

Докторите и открија малиген канцер на левата дојка, а Марина како што пренесуваат српските медиуми одлучила лечењето да го продолжи надвор од Србија. Таа замина во Германија каде ќе биде неколку дена на автоимуна терапија која би требало да и помогне во борбата со тешката болест.

Маркетинг

Марина за Минхен, Германија не замина сама, туку заедно со нејзиниот сопруг Александар Футе- Радуловиќ, синот Милан – Лаќе Радуловиќ и нејзината најблиска пријателка.

Маркетинг

„Одам во Германија на три, четири дена на автоимуна терапија. Оптимистична сум кога е овој вид лечење во прашање. Се надевам на добри резултати. Се обидувам да бидам весела и да не размислувам премногу за сé. Имам голема помош од сопругот, синот и пријателите кои се постојано со мене“, вели Марина за Блиц.рс

На почетокот на месецот Марија се обрати до јавноста со емотивна порака. „Верувајте, страшни е кога се случува на другите, но кога ќе ви се случи вам, некако го прифаќате и оставате нагонот за живот да ве тера напред. Можам да кажам дека, ако има било што добро во ова тоа е дека повторно ја вратив верата во човечката добрина и благонаклоност, а тоа никогаш не може да биде премногу“ напиша таа на социјалните мрежи. Делењето на своето искуство со јавноста преку социјалните мрежи Марина го направи како би го спречила создавањето на гласини и кружењето на погрешни информации во врска со нејзината болест.

Инаку, веста за болеста на познатата авторка ја потресе целата естрада во регионот бидејќи Марона соработуваше со повеќето големи пејачи од сите поранешни југословенски републики и со сите нив е во одлични односи. Таа има напишано многу песни во нивните кариери, од кои многу се хитови, па во овие тешки моменти и пријателите и колегите и нудат поддршка и се надеваат дека ќе оздрави.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button