Реклама
Наши ѕвезди

На Боки сите му го свртеа грбот, но не и оваа жена – беше шокирана од скандалот, но не го изневери (фото)

Една од ретките естрадни личности која остана со Боки и откако тој беше уапсен и однесен во затвор

Реклама

Шоуменот Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, откако излезе на слобода секојдневно се огласува на социјалните мрежи.

Јовановски сега објави неколку снимки на кои е со пејачката Лепа Лукиќ со која што стана мошне близок додека беше во „Големиот брат“.

Тој во описот на фотографијата не заборави да спомене дека Лепа беше една од ретките што константно му пружала поддршка и љубов додека Јовановски беше во затворот и во болница, но и дека останала во контакт со неговите родители во најтешките моменти.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Потсетуваме, Лепа беше една од ретките претставници на естрадата кои беа мошне блиски со Боки 13, но кои останаа пријатели со него и откако контроверзниот шумен беше уапсен.

Маркетинг

Принтскрин

Имено, таа и по скандалот со Боки и Катица, често во медиумите знаеше да го спомене откривајќи дека е во контакт со него, но и со неговата мајка и дека прашувала дали може некако да помогне.

„Кога беше пуштен на домашно издржување, веднаш ми се јави. Ми се јави да ми каже дека излегол. Ние со години се дружиме“, истакна во една пригода популарната српска фолк пејачка.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Потсетуваме, Лепа и Боки се познаваат веќе долги години, а се запознаа кога и двајцата учествуваа во „Големиот брат“. Тие оттогаш често се слушаа и гледаа, а пејачката беше и на отворањето на неговата телевизија во Македонија. Боки неколку пати и средил и тезга за Нова година, а пејачката за него отсекогаш имала само убави зборови, истакнувајќи дека не знае ништо за сето она за што тој беше уапсен и осуден на повеќегодишна казна.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

„Го познавам како многу фино момче, можам се најдобро да кажам за него. Е сега што беше тоа и што тој направи за да го уапсат, за тоа не знам ништо“, истакна пејачката во една пригода.

Боки овие денови беше и во друштво на уште еден пејач кој неодамна се најде во центарот на вниманието заради развод, а за кого станува збор со кого контроверзниот шоумен беше „фатен“, дознајте тука.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button