Боки се огласи со тажна порака, скршен од болка – ова е најтешкиот и најтажниот ден во неговиот живот
Беше близок со неа, но и со нејзиниот син...

Познатиот шоумен се огласи со тажна порака
Бојан Јовановски, познат и како Боки 13, на својот Инстаграм профил сподели објава со која растажи многумина.
Имено, беше одржан помен на Марина Туцаковиќ, па Боки кој беше многу близок со неа, беше на нејзиниот гроб.
Принтскрин/ Пинк
„Денес е точно 4 години од смртта на Марина, во 11 часот ќе се одржи помен на нејзино гроб… Уште еден тежок ден“, напиша Боки.
Тој сподели и една црно-бела фотографија од гробот на легендарната жена која ќе остане запаметена по нејзините бројни песни што ги има напишано за најпознатите пејачи и пејачки на Балканот.
Инстаграм/ Боки
Марина почина пред точно четири години, а на овој тажен ден многу имиња од естрадата се присетија на тоа каква беше и колку многу им значеше во нивните музички кариеру.
Единствената пејачка која се појави на поменот беше Мира Косовка, а меѓу првите дојдоа Фута Радуловиќ, сопругот на Марина, и Боки 13, кој беше близок со целото семејство.
Инстаграм/ Боки
Потсетуваме, Марина почина на 19 септември 2021 година, по долга и тешка борба со рак. Почина на 67 годишна возраст, а зад себе го остави сопругот Александар Радуловиќ Фута, како и синот Милан Лаќа, кој исто така почина, само една година по нејзината смрт.
Принтскрин/ Пинк
„Ќе биде тоа што ќе биде“
Марина има напишано безброј хитови, а нејзиниот живот го одбележа трагедија кога и почина синот Милош на 24 годишна возраст.
Инстаграм/ Боки
Боки покрај тоа што беше пријател со Марина, тој беше и мошне близок со нејзиниот син Милан. И како што самиот откри во една пригода кај Стефан лазаров, нејзиниот син го посетил додека бил во болница, само неколку дена пред да го пронајдат мртов во Израел.
Инстаграм/ Боки
„И за Марина и за Фута и за Лаќа моето срце засекогаш ќе биде нивно. Десетина дена пред да почине, Лаќа (синот на Марина Туцаковиќ) ме посети во болницата, по десетина дена настрада. Ние имавме посебен вајб. Многу убави зборови кои цел живот ќе ги помнам ги слушнав од Марина, а една од нив е ‘Ќе биде тоа што ќе биде’“, изјави тогаш Бојан во подкастот кај Стефан Лазаров.
Повеќе за ова прочитајте тука.