Боки направи скандал со Бака Прасе и неговата блиска пријателка – цел Балкан сега зборува за нив
Познатата пејачка Лепа Лукиќ беше во подкастот кај Боки со кого е и приватно многу блиска, а детали од ова гостување станаа вирални, посебно кога фолкерката откри што мисли за популарниот јутубер Бака Прасе.

Еве што вели Бака за драмата што му ја приреди Боки
Целиот Балкан беше во „шок“ кога Јелена Карлеуша во една пригода, кога му беше гостинка во подкастот на познатиот јутубер Бака Прасе, изјави за пејачката Лепа Лукиќ дека била интимна со него.
Лепа тогаш беше револтирана и најави дека ќе ја тужи Карлеуша, по што таа и се извини и кажа дека се шегувала.
Принтскрин/ Јутуб, Бака Прасе
Неколку месеци подоцна, Лепа се појави во подкастот кај Боки 13 кој без влакна нa јазикот ја праша за наводната афера.
„Тој мора да најде некое друго прасе. Јас него го имам видено само во весници, приватно никогаш не сум го запознала. Не знам ни со што се занимава“, изјави популарната пејачка во подкастот кај Боки.
Инстаграм/ Боки 13
Но неколку дена подоцна, ова нејзино гостување кај Боки го гледаше и бака Прасе кој јавно го коментираше.
Принтскрин/ Јутуб, Бака Прасе
Имено, тој во својот „лајв“ на јутуб изјави дека по ова интервју би сакал да се види и запознае со познатата фолк-пејачка.
„Јас тебе навистина не те знам Лепа, но би сакал да се запознаеме. Мислам оваа или следната година морам да снимам и да организирам дејт со Лепа Лукиќ, коментираше Бака Прасе на јутуб.
Инстаграм/ Бака Прасе
Оваа снимка ја гледаше и Боки, кој веднаш ѝ се јави на својата пријателка да и каже дека Бака сака да има „дејт“ со неа.
Дејт? Што е тоа дејт? го праша пејачката која претходно во неговата емисија на прашањето дали била со него, изјави.
„Камо среќа да бев“, се пошегува тогаш Лепа.
@stankella Lepa Lukić otkrila da bi volela da bude sa Bakom #bakaprase #stankella #fyp #viral #lepalukic
Името го добила по швалерката на нејзиниот татко?
Потсетуваме, Лепа Лукиќ во подкастот кај Боки прв пат зборуваше за мажот кој најмногу го сакала, но и за тоа како го добила името
„Крстена сум, татко ми му кажал на кумот да се викам Лепава, бидејќи имал швалерка по име Лепава, па му кажал на кумот дека така морам да се викам. Имал швалерка, но ја имал и мајка ми.
Инстаграм/ Боки 13
„Моето име е единствено, многу го сакам. Освен мајка ми и брат ми, никој не ме викал Лепава“, изјави пејачката во шоуто.
Целата емисија со Лепа и Боки погледнете ја во продолжение: