Боки 13 со солзи се исповедаше за своето минато – откри монструозни детали за човекот што го повредил
„Монструозно е она што го доживеав“, вели Боки
Бојан Јовановски попознат како Боки 13 повторно во центарот на вниманието, овој пат по гостувањето во „Премиера викенд специјал“.
Имено, Боки во оваа емисија зборуваше за своите доживувања во затворот и како ги минувал деновите во овој тежок период од животот, но во еден момент се осврна и на едно лице за кое вели дека е од Белград, а му направил најголемо зло во животот, па наскоро планира да го открие неговиот идентитет.
„Наскоро ќе дознаете кое е лицето што морално, материјално и емотивни ме уништи. Тоа лице е од Белград. Тој ме опљачка, тогаш видов што значи човечко дно. Што ми украде, како изгледаше сé, ќе дознае цела Србија. Монструозно е она што го доживеав“, изјави Боки.
Принтскрин/ Пинк
Инку, Боки и по излегувањето од затворот во поткстот кај Стефан лазаров ги шокираше сите со својата исповест.
Принтскрин/ Пинк
Тој тогаш за прв пат откри во јавност многу детали од неговиот затворенички живот, но и дека има проблеми со здравјето.
„Може одеднаш да ми се слоши, немам цел орган, примам терапии. Ме делеа само 20 минути од смртта, таму каде што бев итно ме оперираа. Затоа за време на овој разговор морам да имам две-три паузи за да јадам, морам да јадам на два-три часа“, откри тогаш Боки.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
„Од терапијата некои делови од телото ми се изобличени. Без разлика на тоа што го доживеав, морам да ја поздравам одлуката на судот. И тоа што, откако бев опериран, ме чуваа добро“, изјави познатиот шоумен и поранешен сопственик на телевизија Прва.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, Боки деновиве се појави и на промоцијата на својата нова песна посветена на неговата мајка Јасминка.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Оваа негова песна предизвика бројни емоции кај публиката, а Боки песната ја најави на својот Инстаграм со зборовите:
„Песната со најголема љубов и со најголема тага! Песна која ја посветувам на мојата мајка на која и го должам својот живот“.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Како Боки звучи во ова свое животно ремек-дело наречено „Само една песна таговна“, слушнете во продолжение…