Боки 13 се појави на матурската и го украде шоуто – скапо и брендирано, не штеди пари кога е стил во прашање
Еве како Боки се облече за својата матурска

Кога се појави го украде шоуто
Бојан Јовановски попознат како Боки 13, овој викенд повторно се сретна и се дружеше со другарчињата од школските клупи.
Имено, Боки славеше 20 години од матура, а неговото издание со кое се појави на прославата ги изненади сите.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Познатиот шоумен и ТВ водител пред да замине на прославата направи неколку фотографии и за социјалните мрежи, а во коментарите доби бројни позитивни коментари за ова негово шик издание.
Тој и овој пат беше облечен во скапи дизајнерски модели од глава до пети, а се гледа и дека му е мило што ќе се види со врсниците.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
„Фууул за славје бр.2 на 20 години матура – Никола Карев. Кога е отмено, нека е отмено и матурантски . П.с преубаво е чувството да видиш драги лица после 20 години“, напиша Боки под фотографиите што ги сподели на своите профили на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Драматично, но и софистицирано во исто време
Инаку, тој славеше и претходната недела, но тогаш со врсниците од Јосип Броз Тито бидејќи Јовановски учеше и во двете средни училишта.
Боки и тогаш привлече внимание со своето екстравагантно издание, само што за првата прослава избра потполно црна комбинација.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Тој тогаш носеше стилизирано сако со широки ракави и рамни панталони, а струкот беше нагласен со ремен со златното лого не еден од најпознатите светски модни брендови. Со истото препознатливо лого беше и необичната плико чанта што ја носеше во рацете, како и чевлите, па дури и темните очила за сонце што ги носеше.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Како Боки изгледаше и во ова свое матурско издание погледнете во продолжение и кажете ни во коментарите кое ви се допаѓа повеќе?